Што треба да направите ако детето има висока температура?

295

Зголемената температура сама по себе не е опасна, таа е пожелна кога детето има инфекција и му помага да оздрави. Во ретки случаи температурата може да биде симптом на сериозна инфекција, а понекогаш е непријатана и за детето.

Не фокусирајте се на висината на температурата туку на удобноста на детето. Ако детето реагира нормално, односно јаде, пие и си игра ,не треба да преземате никакви мерки за симнување на температурата доколку таа не надмине 38,5/39.

Нудете му на детето течности и охрабрете го да пие. Доењето е посебно важно за болно дете. Повремено проценете ја состојбата, дали се влошува или подобрува во текот на ноќта.

Понудете му храна која ја сака во помала количина.

Лекови против температура не им давајте на бебиња помали од шест и три месеци без консултација со лекар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.