Што треба да направат здравствените власти за да го спречат ширењето на мали сипаници!

Вакциналните тимови oд сите вакцинални пунктови во државата, во соработка со патронажните сестри да направат прочешлување на вакциналните картончиња со цел избарување на деца подлежни на МРП вакцинација до 14 годишна возраст, а невакцинираните и некомплетно вакцинираните веднаш да се повикаат и вакцинираат согласно Правилникот и Календарот за имунизација.

Епидемиолошките служби при ЦЈЗ/ПЕ во соработка со ДСЗИ да продолжат со засилената контрола во вакциналните пунктови, проверка на вакциналниот статус на подлежните лица на МРП (за прва и втора доза), од 12 месеци до 14 години, изнаоѓање на невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица. 

Сите матични лекари при преглед задолжително да го проверуваат вакциналниот статус на сите деца до 14 годишна возраст и сите пропуштени и невакцинирани да ги упатуваат на вакцинација. 

ЦЈЗ во соработка со ИЈЗ да спроведуваат едукативно-промотивни активности во врска со превенција од појава на мали сипаници, односно потенцирање на вакцинацијата како единствена превентивна мерка за заштита на здравјето на децата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.