Што треба да јадете кога сте на море?

217

За време на летен одмор, сонце, плажа, море…сите забораваат да јадат. Но, за повеќе енергија е потребна здрава исхрана која ќе ја задржи стабилноста на телото. Не го прескокнувајте појадокот колку и да сакате што побрзо да заминете на плажа. Изберете лесен појадок како интегрални житарици со млеко или јогурт, а за дополнителен извор на енергија изберете свежо овошје.

Пливањето и сонцето многу пати во текот на денот ќе ве направат гладни, затоа јадете на секои два часа по малку. Направете здрави сендвичи кои нема да се расипат на топлото а за ужина исецкајте свежо овошје во пластичен сад. Се разбира на сонцето дури и не размислувајте да излезете без вода.

За ручек ако немате време да готвите не јадете брза храна како хамбургери, пици и палачинки. Најдобро е да изберете риба или морска храна, бидејќи не се тешка храна и нема да бидете надуени. Не занемарувајте ја вечерата и јадете лесни и разноврсни производи за балансиран внес на хранливи материи. Во вечерните часови јадете салата од зеленчук и во мешавината нека има домати и морков кои позитивно влијаат на кожата. Избегнувајте мрсна и слатка храна и алкохол е дозволено само една чаша вино за време на вечерата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.