Што треба да избегнувате а што да практикувате на пеколните горештини?

278

Ладна вода

Никако не треба да пиете премногу ладна вода, бидејќи таа само ќе ве загрее. Иако на вас тоа не ви звучи логично, телото се бори со “производство” на уште енергија како би внесената температура на течноста ја прилагоди на температурата на телото.

Газирани пијалоци

Газираните пијалоци предизвикуваат губење на течности од телото, во овие пијалоци може да се вбројат алкохолот, сите видови на кафе и други газирани пијалоци. Заменете ги со домашен чај. Во текот на денот подобро направете сок од лимон со малку шеќер, бидејќи лимонадата освежува.

Вентилатор

Доколку во станот немате клима уред, можете да се разладите со помош на вентилатор. Прв и основен совет е сончевите зраци што е можно повеќе да се задржат надвор од станот, така што прозорите ќе ги држите затворени како и ролетните спуштени.

Туш

Освежувањето на телото можно е со чести туширања, но не со ладна вода. На тој начин организмот моментално се лади, но после тоа почнува се повеќе да се поти. Затоа подобро е да се туширате со млака вода.

За што подобро да ја регулирате температурата на телото, по туширањето со млака вода, телото треба добро да го избришете. Доколку не се избришете добро, се зголемува влагата па самата таа не дозволува ладење на телото.

Храна

Доколку не сте знаеле, постои храна која го лади и која го загрева организмот. Па така месото и месните производи спаѓаат во оние производи кои го загреваат телото. Од друга страна овошјето, посебно лубениците, јужното овошје, дињите, сливите и јаболките се храна која освежува и лади. Од зеленчукот тука се зелката, доматот и пиперките. Покрај сладоледот, намирници кои го ладат телото се млекото, јогуртот и киселото млеко.

Во топлите денови препорачливо е внесување на што повеќе течности, а лубеницата има 95% вода па со самото тоа ја забрзува работата на бубрезите.

Облека

Темната облека треба да се избегнува, бидејќи таа привлекува топлина. Во топлите денови најдобро е да носите отворени сандали за нозете да не се потат и да не отекуваат.

Експертите укажуваат на тоа дека за време на летото модните детали треба да се бираат внимателно, бидејќи металните нараквици и огрлици лесно се загреваат, а потоа таа топлина телото ја апсорбира и тешко се лади.

Најдобро е да се спие на тенка свилена постелнина која овозможува на кожата да дише, а поради тоа што има природна природни хипоалергиски својства, одличен избор е за оние кои имаат проблем со исипувања од топлина.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.