Што симбилизираат велигденскитен јајца?
Јајцето е најголемиот симбол на празникот, домаќинките на велики четврток вапцаат јајца кои го симболизираат воскреснувањето и почеток на нов живот. Традиционално јајцата се фарбаат во црвена боја.
Црвеното јајце го симболизира Христовото воскресение, тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата го симболизира воскреснувањето од мртвите.