Што се треба да знаете за главоболката?

Промена на времето, исхрана и менструалниот циклус може да влијаат за појава на главоболка. Но ако имате болка секој ден и ве попречува во нормалните активности, одете на лекар.

Експертите велат дека постојат голем број на главоболки, но сите тие се делат во неколку главни групи. Тензични главоболки се често поврзани со стрес и прават напнатост на мускулите на лицето и вратот а васкуларните главоболки вклучуваат мигрена. Трета голема група на главоболки се оние кои предизвикуваат други здравствени проблеми како што се инфекција на синуси или тумор на мозокот.

Околу 20 проценти од луѓето страдаат од мигрена, и, за жал, овие болни епизоди не се целосно разјаснети. Претходно, експертите верувале дека мигрената може да го зголеми ризикот од деменција и когнитивните напади, но истражување спроведено на примерок од 40.000 жени не најде таква врска. Но друго истражување дојде до заклучок дека мигрена со аура може да придонесе за срцеви заболувања и мозочен удар кај жените.

Од 28 милиони Американци кои страдаат од мигрена, 70 отсто се жени. Додека мажите имаат релативно стабилна хормони, хормоните кај жените варираат во текот на менструалниот циклус, што може да поттикне појава на менструална и предменструална мигрена. Жените се повеќе генетски предиспонирани за мигрена.
На луѓето кои страдаат од мигрена им помага избегнување на одредени видови на храна, како што се сирење, чоколадо, алкохол, и маринирано месо. Друга причина за мигрена може да биде и прескокнување на појадок или ручек. Луѓето склони кон мигрена треба да јадат приближно во исто време секој ден и да не прскокнуваат оброци.
Промените во временските услови може да ја активираат главоболката кај некои луѓе. Истражување на Универзитетот во Синсинати покажа дека кај луѓето кои страдаат од хронични главоболки, имаат 31 отсто поголем ризик од главоболки и 28 проценти поголем ризик од мигрена кога има грмотевици во радиус од 40 километри од нивниот дом.
Исто така недостатокот на сон може да доведе до главоболка, како и премногу спиење. Прекин на нормалното спиење може да предизвика мигрена.
Кога да побарате помош?
Иако земањето на апчиња кои се купуваат без рецепт може да ја смират главоболката, сепак, во некои случаи е неопходна лекарсдка помош – кога главоболката ви смета во работата, кога тоа се случува на дневна основа, кога е поврзана со физичка активност или секс, кога иамте зуење во во уво или чувство на слабост (на пример, рака), проблеми со видот или други невролошки симптоми и кога е толку силна што земате лекови против болки секој ден.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.