Што се случува во вашето тело кога ќе изедете чоколадо?

Храна на боговите, корисна и како лек

Постои ли човек што не сака чоколадо? Ја нарекувале храна на боговите, но ја користеле и како лек.

Сепак, во овој контекст пред сѐ, мислиме на чоколадата што содржат макар 70 проценти какао.

Научниците тврдат дека кога консумираме таков вид на чоколадо во нашето тело се случуваат низа на прекрасни работи, а дел од нив ви пренесуваме во продолжение:

Во првите 10 минути откако ќе се изедете неколку коцки очекувајте го следново:

-намалување на крвниот притисок, односно добро делува на крвните садови

-го намалува стресот и позитивно влијае на хормоните

-подобро расположение благодарение на есенсијалната аминокиселина триптофан која пак го потикнува лачењето на хормонот на среќа серотонин

-го штити заштитиниот слој на забите благодарение на маслото од какао кое го спречува ширењето на бактерии

-ја подобрува борбата со кашлицата поради присуството на теоброминот, станува збор за горчлив алкалоид од дрвото на какаото, а научниците велат дека е покорисен од кодеинот

-го успорува стареењето затоа што е полна со антиоксиданси

-го храно вашиот организам со витамините Б1, Б2, Е, бета каротен, калциум, магнезиум, натриум, железо

-чоколадото помага при превенција на дијабетисот поради флавоноидите

-ја намалува потребата за нездрави шеќери и други колачи

Со редовна консумирање на темното чоколадо влијанието е следно:

-го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести

-го подобрува памтењето, особено кај повозрасните благодарение на магнезиумот

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.