Што сакаат мажите наутро – Секс или Фејсбук?!

182

Ако мислевте дека денешните мажи би сакале да го почнат денот со физичка активност, се лажете, тие повеќе сакаат поинаков вид на задоволство. Мажите денес повеќе би сакале да се разбудат со Facebook или Twitter, отколку со партија секс, покажа анкетата спроведена меѓу 2.000 луѓе од Европа.

Жените од друга страна, повеќе сакаат да го почнат денот со бакнежи и прегратки.

И за двата пола на прво место е будење со сончеви зраци што влегуваат низ прозорецот. Тоа е идеалното будење за секој трет испитаник, додека секој четврт претпочита да го почне денот со социјални мрежи. Тоа немаше да биде толку големо изненадување ако мнозинството од нив не беа мажи.

Популарен начин за започнување на денот е и уживање во омилениот појадок. Многумина сакаат да се разбудат со звуците на омилената песна, а наутро им годи да го прошетаат кучето, да го однесат детето на училиште или да вежбаат.

Секој десетти испитаник рекол дека наутро сака да го исклучи алармот и да поспие уште малку.

Која и да е вашата утринска рутина, научниците препорачуваат да уживате во неа бидејќи така ќе бидете повеќе подготвени за сѐ она што ве очекува во текот на денот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.