Што предизвикува стресот кај жените?

199

Иако сите знаат дека стресот не е добар, сепак е тешко да се избегне таква ситуација. Резултатите од неодамнешното истражување спроведено од Државниот универзитет во Охајо покажуваат дека жените кои се под стрес треба да преземат нешто во врска со тоа. Односно, дури и пониски нивоа на стрес може да предизвикаат неплодност кај жените пренесува New Scientist. Ова може да ги објасни случаите на неплодност кај парови каде неможе да се најде никаква причина за неплодноста. Врската помеѓу стресот и неплодноста е поставена како проблем од поодамна но досега нема докази за тоа. Според последните податоци , една од седум жени во Велика Британија има проблем со неплодност , а кај една четвртина од нив не постои медицинско објаснување. За да ја утврдат поврзаноста истражувачите испитувале примроци од плунка кај 373 жени во Америка кои сакале да забременат по природен пат. Ја мереле количината на ензимот алфа амилаза кој служи како маркер за стрес.

По една година секс без заштита, околу 13 проценти од паровите не успеале да зачнат бебе што е стандардна дефиниција на неплодност. Една третина од жените кои имале највисоко ниво на ензимот алфа амилаза имале два пати повеќе шанси да бидат неплодни од оние со најниско ниво на овој ензим.

И поранешни истражувања покажале дека високи нивоа на стрес ензимите ја намалуваат плодноста.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.