Што не треба да јадете кога патувате со авион?

Според нутриционистот Кејт Скарлата, има некои видови на храна кои треба да се избегнуваат пред и за време на летот, за да не ризикувате желудочен непријатност. Кои се тие:

1. Протеинска храна богата со сулфур

Конзумирање на храна, како протеински шејкови, јајца и месо, пред летот не е добра идеја, бидејќи ги напојува микробите кои доведуваат до формирање на водород сулфид, вели таа. „Потребни се околу три до пет часа, пред тие да започнат да создаваат гасови. Ако имате едночасовен лет, нема проблем, но ако е подолг, подобро да ги избегнете.

2. Ореви

Оревите, вклучувајќи ги и бадемите, костените, ленено семе, лешниците и ф’стаците, се богати со ферментабилни влакна, кои се идеални за формирање на гасови. „Овие храни се здрави за повеќето луѓе, но можат да предизвикаат непријатности во стомакот, уште повеќе поради тоа што гасот во цревата се проширува додека летате под притисок.

3. Сушено овошје

Повеќето видови на суво овошје – особено ако го јадете во големи количини – е богато со сорбитол и растителни влакна, кои привлекуваат вода и се предуслов за гасови. Освен тоа сушеното овошје има висока содржина на шеќер и калории.

4. Хумус

Оваа храна се смета за многу здрава во медитеранот, но размислете пред да ја конзумирате пред лет. Во наутот се содржат многу влакна кои предизвикуваат оток и обилно гасови, особено при почувствителни стомаци. Нешто што тешко ќе сакате да доживеете за време на летот.

5. Мексиканска храна

Кромид плус лук води до гасови. Во мексиканската храна обично има и грав, кој води до надуеност (како наутот), како и луто, што може да доведе до болки во стомак.

6. Чипс

Колку и да се вкусни, овие закуски се со висока содржина на масти и сол. Ова вклучува и омилени на авиокомпаниите закуски – кикириките. „Премногу солени производи може да ве натераат да конзумирате повеќе течности кои предизвикуваат оток“, вели нутриционистката. „Тие исто така можат да доведат до киселини“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.