Што не смеете да јадете и пиете кога сте настинати

152

1. Газирани пијалаци

Разни газирани пијалаци имаат мало позитививно влијание на метаболизмот. Полни се со шеќери кои имаат негативно влијание и предизвикуваат воспаленија. Не е никакво изненадување дека храната полна со шеќери има исто влијание, па затоа избегнувајте бонбони, колачи, кекси и слична храна. Затоа подобро земете чај од ѓумбир и многу течности.

2. Млечни производи

Кај некои луѓе  можат да го влошат чувството на тешко голтање. Ако забележите дека н атој начин Вам ви влијаат, избегнунвајте ги. За тие кои немаат проблем со млечни производи во тек на настинка, можат да бидат извонреден извор на протеини и витамини кои се најважни при борбата со болест.

3. Алкохол

Алкохолот има исто влијание како шеќерот. Освен лошото влијание на оздравувањето, алкохолот ќе ве дехидрира, а течностите се најважни при оздравувањето од настинка.

4. Преработени јаглехидрати

Тост и крекери звучат како типична храна за болни, но не се лажете – во прашање се продукти кои ќе ви го зголемат нивото на шеќер во крвта и ќе го отежнат оздравувањето. Ако баш не можете без тост додека сте болни, направете си барем нешто од интегрални житарки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.