Што не смеете да јадете и пиете кога сте настинати
1. Газирани пијалаци
Разни газирани пијалаци имаат мало позитививно влијание на метаболизмот. Полни се со шеќери кои имаат негативно влијание и предизвикуваат воспаленија. Не е никакво изненадување дека храната полна со шеќери има исто влијание, па затоа избегнувајте бонбони, колачи, кекси и слична храна. Затоа подобро земете чај од ѓумбир и многу течности.
2. Млечни производи
Кај некои луѓе можат да го влошат чувството на тешко голтање. Ако забележите дека н атој начин Вам ви влијаат, избегнунвајте ги. За тие кои немаат проблем со млечни производи во тек на настинка, можат да бидат извонреден извор на протеини и витамини кои се најважни при борбата со болест.
3. Алкохол
Алкохолот има исто влијание како шеќерот. Освен лошото влијание на оздравувањето, алкохолот ќе ве дехидрира, а течностите се најважни при оздравувањето од настинка.
4. Преработени јаглехидрати
Тост и крекери звучат како типична храна за болни, но не се лажете – во прашање се продукти кои ќе ви го зголемат нивото на шеќер во крвта и ќе го отежнат оздравувањето. Ако баш не можете без тост додека сте болни, направете си барем нешто од интегрални житарки.