Што може да се случи ако телото дехидрира?

292

На секоја клетка во човечкото тело и е потребна вода за да функционира правилно. Водата е потребна за регулирање на температурата на телото, заштита на органите и за добро варење.
Иако често се зборува дека дехидратацијата не е опасна, тоа не е точно. Во такви услови кај повеќето луѓе се јавува слаба главоболка, се чувствуваат уморни, почесто мократ и повеќе се потат. Сепак, дехидратација може да предизвика многу посериозни здравствени проблеми како што се отекување на мозокот, проблеми со бубрезите па дури и смрт.
Лекарите предупредуваат дека симптомите на дехидратација како што се дијареја, повраќање, треска, проблеми со мокрењето и дезориентација треба да се сфатат сериозно.
Ако сте жедни, тоа не значи дека веќе сте дехидрирани. Всушност, на овој начин вашето тело ви кажува дека му е потребна вода, што значи дека не сте во опасност од дехидрација.

Понекогаш и бојата на урината укажува дали сте дехидрирани. Светло жолтата боја е знак дека не сте дехидрирани. Но тоа не е задолжителен показател имајќи в предвид дека и одредни видови на храна можат да ја променат бојата на урината.

Иако тоа ретко се случува, можно е да испиете многу повеќе вода отколку што му е потребно на организмот. И таа појава е опасна и во тој случај премногу вода може да доведе до хипоанатремија. Симптомите се слични на оние на дехидратација – гадење, повраќање и замор.
Научниците советуваат да се пие толку вода колку што му е потребна на организмот. Дневно мажите треба да внесат околу 3 литри течност додека кај жените таа изнесува 2,2 литри. Ова се однесува на вкупниот внес на течности на ден – не само вода туку и кафе, чај, сок..

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.