Што може да предизвика скриената депресија кај жените во средни години?

361

Жените кои страдаат од депресија имаат речиси два и пол пати поголем ризик од мозочен удар, открива новото истражување од Универзитетот во Квинсленд . Истражувањето било спроведено на повеќе од десет илјади луѓе во текот на 12 години. Било заклучено дека на најголем ризик биле изложени жените меѓу 40 и 50 година, пишува Daily Mail.

Водачот на студијата, д-р Каролин Џексон ја нагласи потребата депресијата навреме да се третира со цел да се спречи сериозно заболување. Во контролната група, два отсто од жените имале мозочен удар, и научниците истакнуваат дека постојат ризик фактори како што се возраста, пушењето, дебелината … Депресијата влијае на крвните садови и на имунолошкиот систем. Често се случува поради недостатокот на физичка активност и лошите навики во исхраната. Анти-депресантите може да имаат двојно дејство – освен што може да ја намалат депресијата често може да предизвикаат и висок крвен притисок и холестерол, а некои лекови го зголемуваат и ризикот од мозочен удар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.