Што им е потребно на мажите, а што на жените да имаат подолг живот?

248

Жените кои не спијат доволно можат да бидат мрзливи и уморни. Но поради тоа нема да живеат пократко што пка не важи и за мажите, тврдат австралиски научници.

Тие откриле дека факторите кои влијаат на должината на животот значително зависат од полот. Во нивните извештаи навеле дека на мажите навистина им треба повеќе сон , бидејќи е докажано дека им се скратува животот со помалку од седум часа спиење ноќе.

– Недоволното спиење е поврзано со дијабетес, дебелина и кардиоваскуларни болести , што резултира со пократок животен век кај мажите. Жените тоа подобро го толерираат, тврдат научниците.

На жените не им треба долг сон за долг живот. За нив е повеќе важно да јадат разновидна исхрана богата со витамин Б6 и зеленчук. Витамин Б6 има во бананите , месото, ф’стаци, лук и ореви.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.