Што гледаат мажите кај една жена во првите 10 секунди од средбата?

Според најновото истражување за прашањето, најатрактивен дел кај жените за еден маж се усните. За време на првите десет секунди од средбата со непозната жена еден маж поминува во просек половина од времето, гледајќи само овој дел на нејзиното лице. А ако жената носи кармин, тоа го привлекува машкото внимание дури уште повеќе.

Мажите во истражувањето се фокусирале на карминот во просек за 6.7 секунди, ако тој е розов, и за 7.3 секунди, ако е црвен. Истовремено, ако жената носела кармин, мажите се одделување само 0.95 секунди на нејзините очи и 0.85 секунди на косата.

Очекувано, пополните усни биле сметани од мажите за попривлечни и го привлекуваат нивното внимание за подолг временски период. Истражувањето било спроведено од научници од Универзитетот во Манчестер и вклучувало 50 учесници-мажи, на кои им биле прикажани слики на различни жени, како биле прикажани слики на кои жените биле со кармини и слики, на кои жените биле без кармини.

„Податоците од анкетата покажуваат дека усните претставуваат една од најчувствителните делови од женското тело и играат клучна улога за сексуалното привлекување кај мажите“, коментира водечкиот научник на истражувањето, д-р Џеф Бити. „Целосните и црвени усни во комбинација постигнале максималниот ефект за задржување на машкото внимание. Но вкупниот резултат недвосмислено покажува дека оние жени кои носеле кармин, независно од видот усни кои имаат, обезбедиле значително повисоки нивоа на привлекување на машкото внимание од оние кои не носеле кармин“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.