Што е заедничкото на луѓето со сини очи?

623

Сите луѓе кои имаат сини очи, делат еден заеднички предок. Истражувачи од универзитетот во Копенхаген тврдат дека ја пронашле генетската мутација која е одговорна за настанувањето на сините очи. Оваа мутација настанала пред 6 до 10 000 години.

Оригинално, сите луѓе имале кафеави очи, но генетската мутација која влијаела на ОЦА2 генот во нашите хромозоми резултирала со креација на „промена“ која буквално ја прекинала можноста за создавање на таква боја на очите.

Генот за кој тука се зборува исто така е и одговорен за настанување на протеинот кој е одговорен за произведување на меланин, кој ни го дава тенот, бојата на косата и очите. Синооките луѓе имаат ниско ниво на меланин, што според научниците го потврдува нивното потекло од еден ист предок. Сите тие ја имаат наследено истата промена на истото место во својата ДНК. Исто како и ќелавоста, бемките или пегите, промената кај овој ген не е негативна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.