Што е тоа што ги чува повеќето мали деца од Ковид-19

Децата бавно го фаќаат и го шират ковид-19. Експертите имаат неколку идеи зошто е тоа така, вели Њујорк тајмс.

Сè уште не знаеме многу работи за коронавирусот, но веќе стана јасна една од ретките светли точки на оваа пандемија – малечките претежно се поштедени. Научниците сега конечно претпоставуваат зошто децата, за разлика од возрасните, или не добиваат ковид-19, или имаат многу блага клиничка слика, но и помалку ја шират заразата од возрасните.

Од почетокот на пандемијата утешна вест е дека децата се претежно поштедени, но тоа не значи дека родителите не се загрижени, особено кога станува збор за одење во градинките и училиштата.

Значи, колку треба да бидат строги родителите? Дали бебињата и децата од предучилишна возраст па низ годините на основното училиште некако се во можност поуспешно да се изборат со заразата на коронавирусот во споредба со возрасните? Дали е во ред ако не носат маски или не се дистанцираат?

Експертите сè уште велат дека ако семејствата живеат во жариште или ако некој член на семејство е ранлив на тежок случај на ковид-19, децата треба да останат посветени како и секогаш на рутините за дезинфекција, да се држат подалеку од луѓето надвор од дома, да носат маска и да мијат раце дури и повеќе отколку што правеле пред пандемијата.

Освен во тие ситуации, родителите можат да занемарат барем една од најстрогите мерки без значително да го зголемат ризикот: повеќе не треба да ги изолираат своите мали деца, вели д-р Силвија Чианг за Њујорк тајмс.

Има повеќе навестувања, па дури и некои податоци, што покажуваат дека децата стојат многу подобро против короната од возрасните. Прво, до 11 јули, според американскиот ЦДЦ, само 17 деца на возраст под пет години досега умреле од ковид-19. Тоа е нешто под третина од бројот на таа возраст што годинава починале од грип.

Текстот продолжува на mkd.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.