Што е штетно за срцето лошо е и за мозокот!

159

Висок крвен притисок, пушење и дијабетес се фактори кои го нарушат здравјето на срцето, штетни се за мозокот а лошо влијаат и кај младите луѓе од 35 години. Ова го покажало холандско истражување. Сакале да докажат дека што е лошо за срцето лошо е и за мозокот. Кај речиси четири илјади испитаници на возраст помеѓу 35 и 82 години, научниците преку мемориски и когнитивни тестови го проценувале ризикот од Фрамингем (со проценување на потенцијален ризик од кардиоваскуларни болести во следната деценија). Откриле дека луѓето со висок срцев ризик фактори имале за 50 проценти полоши тестови отколку луѓето со низок кардиоваскуларен ризик.

Откриле дека пушењето и дијабетесот се најголеми непријатели за когнитивната функција. На пример, оние кои пушеле една до 15 цигари дневно имале во просек 2,41 помалку поени од луѓето кои не пушат. Оние пак, кои пушеле повеќе од 16 цигари дневно постигнале 3,43 помалку поени од непушачите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.