Што е подобро, спиење во ладна или во топла соба?
Во овие ладни денови сè што сакате е да си дојдете дома на топло и да одморите после напорниот ден. Но спиењето во претопла соба не е баш најдобра идеја бидејќи нема доволно да се одморите.
Ако сте навикнати добро да ја затоплите собата пред спиење треба да размислите уште еднаш и да го исклучите греењето. Кога телото минува од будна состојба во состојба на сон, тоа преферира поладно опкружување. Неврологот Суџи Консегра смета дека промената на топлотни сигнали во телото говори дека е време за спиење.
Ако престојувате во презатоплена соба овој процес ќе се исклучи. Топлата соба може да доведе до потење и ненадејно прекинување на сонот, иако можеби не чувствувате дека ви е топло додека тонете во сон.
Поради лошото спиење може да страдаат вашето срце, имунолошкиот систем, како и регулацијата на апетитот.