Што е многу важно ако сакате да ги откажете цигарите?

207

Оние кои многу млади почнале да пушат многу потешко ќе се откажат од овој порок, тврдат научници од Универзитетот во Калифорнија. Според нив, пушењето од тинејџерските години има трајни последици за човечкиот мозок , најмногу во износот на сивата материја во него, пренесува Daily Mail.
Колку подолго маж или жена пушат , имаат помал обем на сива материја особено во областа на мозокот наречен инсула кој е одговорен за донесување на одлуки и инстинктивни желби, велат научниците кои ги анализирале магнетните снимки на мозокот кај испитаниците.
Покрај тоа, пушачите кои се зависни од никотин од рана возраст , во текот на животот се повеќе го зголемуваат бројот на испушени цигари од оние кои почнале да пушат покасно. Две третини од пушачите почнале да пушат пред 18 -годишна возраст, а повеќето од нив станале пушачи пред 16-тиот роденден.
– Последиците на мозокот од пушењето кај младите тинејџери се шокантни, тврдат научниците.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.