Што да вечерате за да имате мирен сон и без стомачни киселини

Има неколку причини зошто е добро да јадете банана навечер.

Внесувате повеќе витамини

Јадењето храна богата со калиум го намалува ризикот од висок крвен притисок. Банана со средна големина содржи околу 420 мг калиум, а дневната препорачана доза за возрасни е 4.700 мг калиум. Јадењето банана навечер е одличен начин да ја внесете вашата дневна доза калиум. Исто така, со јадење банана навечер внесувате повеќе витамин B6.

Една банана со средна големина обезбедува околу 8% од дневната препорачана доза магнезиум.

Растителни влакна

Една банана со средна големина обезбедува околу 3 гр растителни влакна. Мажите до 50 години треба да внесуваат најмалку 38 гр растителни влакна дневно, а жените до 50 години најмалку 25 гр. Растителните влакна се корисни за системот за варење, за здраво срце и за намалување на ризикот од дијабетес тип 2.

Ќе го засити вечерниот глад

Ако сте во искушение да каснете нешто доцна навечер, изберете банана. Ќе го засити вашиот глас, особено за нешто благо, а ќе ви даде доза витамини и минерали. Затоа изберете банана наместо колачиња.

Мелатонин и добар сон

Мелатонинот е хормон што се ослободува како реакција на темнината, предизвикува поспаност и ја намалува способноста за брзо реагирање. Мелатонинот останува покачен во текот на ноќта и се намалува наутро и во текот на денот. Адекватното ниво на мелатонин е важно за одржување на здрава шема на спиење.

Некои видови храна, како бананите, се богати со аминокиселината триптофан, што му претходи на лачењето мелатонин.

Регулатор на стомачни киселини

Бананата е одличен избор за ужина за луѓе кои имаат киселини или чир на стомакот бидејќи ова овошје не го иритира ваквите состојби.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.