Што да правите за да не ви се јаде ноќе?

106

Многу луѓе се жалат дека се премногу гладни доцна во ноќта. За да се избегне оваа лоша навика, ова се неколку правила кои можат да ви помогнат:

1. Јадете доволно во текот на денот

Можеби причината за големата глад навечер е што не јадете доволно во текот на денот. Јадете на секои 3 до 5 часа и не заборавајте на здравите закуски.

2. Појадокот е најважниот оброк во денот

Секој треба да го започне денот со храна богата со растителни влакна, протеини и калории, а доколку сте еден од оние што го избегнуваат овој оброк, многу е веројатно дека ќе бидете гладни навечер.

3. Не мешајте глад со здодевност

Ако се чувствувате гладни навечер, размислете дали е ова поради здодевност или вистинска глад. Понекогаш нашата желба за храна во вечерните часови е всушност начин да се справиме со стресот, емоционалните проблеми и споменатата досада.

4. Изберете ги вистинските комбинации

Ако сте навистина гладни навечер, одберете ја вистинската комбинација што ќе ви го намали апетитот. Нашиот предлог е: 1/2 чаша јогурт или парче сирење, 1/4 авокадо или 1/4 чаши ореви, житарки… Наместо да грицкате чипс, направете чај или пијте чаша млеко со цимет!

5. Избегнувајте масна и зачинета храна

Во вечерните часови никако не се препорачуваат пијалаци и храна што содржат кофеин (кафе, чај, чоколадо…). Исто така, не се препорачува ниту масна и зачинета храна, бидејќи може да ви „падне“ тешко на стомакот и лошо да влијае на спиењето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.