Што да јадете за да имате чисти заби?
Внесувањето на важните витамини во исхраната може да донесат многу бенефити за вашето орално здравје. Самата паста за заби не е доволна, вели стоматологот Стивен Лин од Австралија.
Според доктор Лин, најважни за здравјето на забите се витамините А, К2, D и Е, но голем дел од луѓето не ги конзумираат во доволно големи количини.
„Кога не внесувате доволно витамин А вашите жлезди не си ја извршуваат правилно работата и може да предизвикаат појавување на точки на површината на забите. Витаминот D е клучен за силни и здрави заби, и тој поттикнува регенерација на забните ќелии“, вели доктор Лин.
Витаминот К2 помага правилно да се распореди калциумот во телото, додека витаминот Е е антиоксиданс кој ги држи под контрола бактериите во устата.
Витаминот А се внесува преку млечни производи, јајца, морков и жолт зеленчук, витаминот К2 се наоѓа во путер, јајца, салама и лесни сирења, витамин Е има во брокула и спанаќ, додека витамин D има во печурки и полномасни сирења.