Што да јадете пред а што после тренинг
Исхраната е најважна и најмногу влијае за ефектите на тренингот и за обликување на вашето тело.
Јадење 60 минути пред тренингот
Најдобро е да јадете час до час и половина пред тренингот, но притоа треба да внимавате и на големината на оброците. Претерувањето со храна може да влијае на неудобност за време на вежбањето. Многу е важно исхраната да ја прилагодите на себеси како поединец и да ја надополните со рибино масло, витамин Д, како и овошје и зеленчук.
Пилешко, ориз и грчки јогурт пред тренинг
Час пред тренингот се препорачува оброк со ниско ниво масти. Најдобро е да ги комбинирате намирниците со повеќе протеини, како пилешко, риба и грчки јогурт со јаглени хидрати како ориз и грав.
Пред тренинг избегнувајте ги овие намирници
Намирници со високо ниво на масти. Телото најбавно ги разградува мастите, па варењето се забавува, а ризикот од надуеност расте, а тоа сигурно не го сакате, затоа што потешко ќе ги изведувате вежбите.
После тренинг – Смути!
Идеален оброк по тренингот е мешавина од протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Меѓутоа, како и пред вежањето, треба да се внимава на нивото масти, затоа што го забавува варењето на храната. Најдобро е да почнете со течен оброк, па да завршите со цврст оброк во слична комбинација како што се јаде и пред тренингот. Се препорачува овошно смути, смути од зелен лиснат зелечнук или протеински напиток. Телото поради тоа побрзо ќе се врати во нормала, а ќе се намали уморот.