Што да јадете доколку трчате?
Тестенини од интегрални житарици
Полни се со јаглен хидрати и ќе бидат од голема помош за вашиот организам ако ги консумирате пред јак тренинг или трка, бидејќи се полни со витамин Б (меѓу другото), кој ќе ја подобри вашата издржливост.
Банани
Одлични се пред, но и после трчање, бидејќи ќе ви ја кренат енергијата и ќе го надополнат она што сте го загубиле со трчањето. Покрај тоа, бананите се полни со калиум кој одлично го регулира крвниот притисок.
Црна чоколада
Ако трчате, никаде не одите без црна чоколада, која благодарение на големиот процент на какао, претставува совршено анти-воспалително средство за уморни мускули.
Брокула
Брокулата е полна со витамини (посебно витамин Ц), калциум и витамин К, а сите овие помагаат во заздравувањето на мускулите и зајакнување на коските. Затоа е добро да се јаде оваа храна пред и после тренинг.