Што да јадете ако имате недостаток од витамин Б12?

Храна богата со витамин Б12

Овој витамин се наоѓа во голем број намирници од животинско потекло и во некои збогатени прехранбени производи, па еден од начините да го надокнадите недостатокот од витамин Б12 е да ги консумирате токму нив.

Говедскиот црн дроб и школките се најдобар избор на витамин Б12.

Најголемата корист од консумација на говедски црн дроб е многу висоиката содржина на витамин Б12. Доволни се само 30 грама за да се задоволат просечните дневни дози на овој витамин. Потрудете се да купите црн дроб со добар квалитет, односно, од говеда кои се хранети со органска храна и кои паселе на ливада. Консумирањето на говедски црн дроб спречува анемија затоа што освен со витамин Б12 е богат и со железо и фолати.

100 грама јагнешко месо или црн дроб содржат 85,7 микрограми витамин Б12.

100 грама школки содржат 98.89 микрограми витамин Б12.

Рибата, месото, пердувестите животни, млекото и млечните производи, јајцата, исто така го содржат овој витамин.

Дивиот лосос, значи, оној кој се лови директно од морињата е еден од најздравите и најбогати извори на протеини. Тој е преполн со витамини Б12 и Д кој е исто така многу често дефицитарен кај современиот човек.

Бифтек – во 170 г има дури 13,18 микрограми витамин Б12.

Јајцата се одличен немесен извор на витамин Б12. Тие содржат и холин кој му е неопходен на нашиот црн дроб за правилно функционирање.Едно покрупно јајце содржи 0,56 микрограми витамин Б12.

Во 170 мл млеко се наоѓаат 1,04 микрограми витамин Б12, а исто толку има и во шолја немрсен јогурт.

Ако сте вегетаријанец, тогаш добар извор на витамин Б12 е прехранбениот квасец. Тој е обично збогатен со витамин Б12 како и со други витамини од Б комплексот. Квасецот содржи и најмалку 9 од 18 аминокиселини кои човечкото тело не е во состојба да ги произведе.

Вегетаријанците, особено веганите кои не јадат дури и млеко и јајца можат да страдаат од сериозен недостаток на витамин Б12. Тие мораат да го обезбедат неговото внесување со помош на суплементи.

Симптоми за недостаток на витамин Б12

Попладне едвај останувате будни дури и ако сте спиеле 8 часа.

Заморот е еден од првите показатели на дефицит на витамин Б12 затоа што производството на црвени крвни зрнца кои го траснспортираат кислородот до нашите органи зависи од витамините. Без доволно кислород во клетките ќе се чувствувате уморно без оглед колку сте спиеле.

Ако не добивате доволно кислород од црвените крвни зрнца ќе се чувствувате како мускулите да ви се претвориле во каша. Недостатокот од витамин Б12 го предизвикува тоа чувство на слабост во мускулите, тешко ни е да носиме и најмал товар, не болат нозете од прошетка и слично.

Имате чудни чувства. „Имам впечаток како да ми поминува лектрицитет од глава до петици“, изјавила една 44-годишна жена на која ѝ е дијагностициран дефицит на витамин Б12. Други пациенти се жалеле на трнење на одделни делови од телото, главно на рацете и на нозете, и чувство како да ги боцкаат стотици игли. Овие чудни болови се јавуваат како последица од нервните оштетувања предизвикани од ниското ниво на кислород во клетките.

Дaли ви се случува често да не можете да се сетите на одделни зборови или на имињата на блиски луѓе? Или пак не знаете каде сте го ставиле клучот?.
Не се грижете, не е рана деменција, најчесто вашата расеаност е последица од недостаток на витамин Б12. Една 56-годишна жена изјавила како во еден момент не можела да се сети како се пополнува чек. Неа ѝ е дијагностицирано ниско ниво на овој витамин. Се случува дури и овој релативно безопасен проблем да се помеша со Алцхајмерова болест.

Вртоглавицата е уште еден од симптомите кои можат да ве упатат да се посомневате во недостаток од витамин Б12. Една турска студија го споредила нивото на витамин Б12 кај пациентите кои се жалеле на вртоглавици со резултатите на стотици доброволци. Пациентите со вртоглавица имале 40 отсто помалку од овој витамин од доброволците.

Кожата ви е бледа. Со недостатокот на витамин Б12, црвените крвни зрнца стануваат нежни и кршливи што предизвикува ослободување на пигмент на билирубини кои на кожата ѝ даваат жолтеникав тен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.