Шест лица во Македонија последните три месеци се спасија од дијализа благодарејќи на органи од починати донори

Шест пациенти од Македонија се спасија од постојано одење на апарати за прочистување на крвта. Деценискиот живот на дијализа за нив е веќе минато. Добија бубрези од починати донори и се спасија од машините на Нефрологија.

За три месеци тимот на уролози, нефролози и лекари од КАРИЛ и трансфузиологија направија три трансплантации од кадавер. Двајца биле млади лица на 19 и 21 година и една повозрасна жена кај кои била потврдена мозочна смрт на Клиниката за анестезија и реанимација. Нивните семејства и покрај големата загуба и болка, потпишале согласност за донирање на органите.

-Во тие разговори со семејствата гледаме една друга димензија, го разбираат проблемот и без разлика колку е голема нивната болка, знаат дека прават нешто исправно. Го сметам ова за успех на тимот.

Колку семејствата на донорите сакаат да знаат кои се пациентите на кои ги даваат органите?

Сакаат, не толку кои се пациентите, туку како се, дали се во добра состојба Ние сме во постојана комуникација со семејствта на донорите и секако им стоиме на располагање за некавка помош во здравствениот сситем, како оддолжување за тоа што го направиле, вели Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација.

По тригодишна пауза, лекарите се задоволни од трендот на кадаверична трансплантација. На листата има уште седумдесетина пациенти кои чекаат бубрег од починат донор. Годишно има и околу 15 до 20 пациенти на кои им треба пресадување на срце и 5 со потреба од донирање на црн дроб. Но засега операциите се само кај пациенти кои одат на дијализа.

-Кај последанта кадаверична трансплантација, семејството побара да ги земеме, односно ги даваа сите органи, но ние немаме листа за срце и црн дроб, затоа беа искористени само бубрезите. Кога ќе го направиме регистарот ќе знаеме, вели Мојсова.

За да не пропаѓаат органи од пациенти кои се со мозочна смрт, најверојатно македонските здравствени власти ќе потпишат договори за размена и соработка со соседни земји.

Инаку, во делот на трансплантација на бубрези од жив донор, македонија е деветта во европски рамки, според последниот извештај на Интернационалниот регистар на донирање на органи.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.