Секојдневни активности што се лоши за вашето ментално здравје

Не ни знаете дека си штетите

548

Некои секојдневни активности во врска со храната и облеката не се добри за нашето ментално здравје.

Сé повеќе и повеќе луѓе страдаат од депресија, поради што новите истражувања создадоа список на секојдневни активности и ситуации кои се лоши за менталното здравје.

Еве за кои активности станува збор:

Консумирање антибиотици

Одредени групи на антибиотици, вклучувајќи го и пеницилинот, се поврзани со депресија, велат научниците.

Се смета дека нарушувањето на балансот на бактериите во цревата влијае на комуникацијата помеѓу клетките во мозокот, затоа антибиотиците имаат лош ефект врз менталното здравје.

Она што можете да го направите е да зимате пробиотици и ферментирана храна заедно со антибиотици. Ова ќе помогне во задржување на балансот на бактериите во цревата.

Активности на интернет

Секогаш сте на интернет, залепени за вашиот телефон? Луѓето кои поминуваат многу време пред телефоните или компјутерските екрани (до 150 часа неделно) почесто се депресивни.

 

Постои директна врска помеѓу времето поминато на социјалните мрежи и чувството на фрустрација, осаменост и изолација.

Она што можете да го направите е да го намалите времето што го поминувате пред вашиот екран, на социјалните мрежи, особено кога сте тажни или незадоволни од вашата моментална животна состојба.

Не консумирање на зеленчук и овошје

Оние кои јадат малку овошје и зеленчук се повеќе склони кон депресија. Обидете се да јадете секој ден малку овошје и зеленчук. Само една порција ќе има позитивен ефект врз менталното здравје.

Облека

Облеката што избираме да ја носиме зависи многу од нашата емоционална состојба. Така, на пример, луѓето кои се чувствуваат депресивно, почесто ќе изберат да носат фармерки и широки маици.

Она што можете да го направите е да носите облека што ја поврзувате со среќа, односно со нешто убаво.

 

Пушење

Пушењето го зголемува ризикот од депресија за дури 41 процент. Никотинот драматично го зголемува нивото на допаминот, а потоа нагло го спушта, правејќи да се чувствувате лошо.

За вашето ментално и физичко здравје, како и за вашите финансии, најдобро е да се откажете од пушењето.

Премногу кафе

Прекумерно внесување кафе, и пијалаци кои содржат кофеин, може да предизвика „ролеркостер на емоции“. Кофеинот стимулира производство на адреналин.

Како резултат на тоа, многу луѓе страдаат од вознемиреност, напади на паника, лошо расположение, несоница…Најдобро е да не внесувате кофеин после 4 часот попладне.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.