Секој втор човек има проблеми со хемороидите!

Еден од почестите здравствените проблеми на населението се хемороидите. Тоа е непријатна појава, предизвикана од модерниот начин на живот. Хемороидите често ги вознемируваат луѓето и се верува дека најмалку педесет проценти од луѓето во животот добиваат хемороиди. Но ова е проблем за кој најмалку се зборува. Луѓето често имаат отпор кон овој вид на испитување, поради непријатноста и срамот бидејќи завршниот дел на дебелото црево е интимен дел од телото. Исто така, постои страв од болката кај чувствителните и воспалени области, така што пациентите често се впуштаат во “само-лекување” со масти, креми, супозитории. Лекарите ги советуваат дека хемороидите се третираат во зависност од тоа колку се изразени, а мастите нема да ги отстранат туку само ќе ја ублажат болката.

Одложувањето на лекувањето не е соодветна стратегија за справување со проблемот. Измешаните чувства на непријатност и страв се нормални и можат да се отстранат преку информирање и доверба во лекарите. Но, и пациентите треба да имаат на ум дека тоа што за нив е непријатно за лекарите е секојдневна рутинска работа. Тоа значи дека проблемот со хемороидите е во навременото лекување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.