Секој хороскопски знак заведува различно!

Овен – Овенот заведува со многу самодоверба, и веднаш приоѓа кога некој му се допаѓа. Понекогаш ќе биде интересно доколку другата личност се однесува сосема спротивно. Затоа, кога ќе ви пријде Овен останете женствени и пуштете го да се помачи и да се прашува дали ќе излезете со него или не.

Бик – Кај Бикот треба да знаете дека е потребно да ги привлечете сите негови сетила одеднаш. Кога веќе еднаш ќе успеете во тоа, тој ќе сака да ве допира и мириса, ќе му делувате магично и ќе се чувствувате посебно.

Близнаци – Треба да ве интересираат многу теми и да знаете од сѐ по нешто, за да вашиот разговор премине во флерт. Духовито и неформално флертување брзо ќе довде до посакуваните резултати.

Рак – Ракот заведува лежерно, а потребно е својата љубов (или потенцијална љубов) да ја изразувате во опуштено издание. Кога ќе бидете излезени во друштво потебно е да направите сите што се излезени со вас да се чувствуваат пријатно – тоа е она што му се допаѓа на Ракот.

Лав – Доколку сакате да шокирате некого и ако се чувствувате хиперактивно, насочете ја вашата енергија кон личноста која ви се допаѓа, бидејќи покрај Лав сѐ ќе биде поинтересно отколку што сте очекувале.

Девица – Ако сѐ ви оди како што треба, ако вашиот живот е среден и ако сте сестрана личност, културна и фина, сѐ што треба да направите е да се потрудите Девицата да го види тоа, бидејќи ќе знае да го цени тоа и да ве гледа со други очи.

Вага – До љубовта дојдете индиректно – усните нека ви зборуваат едно нешто, а очите друго. Влезете во светот на личноста со која сакате да бидете и ставете го во недоумица дали ви се допаѓа или не.

Скорпија – Покажете ја својата духовитост преку разговор, а потоа избегнувајте здодевни прашања кои сите ги поставуваат. Наместо тоа поставете некои „валкани“ прашања. Дури и ако сте со години заедно, вашите разговори секогаш треба да бидат „подбуцнувачки“ и шеговити.

Стрелец -Ако сакате да го импресионирате Стрелецот треба целосно да средите сѐ кај себе, па дури и начинот на одење и говорење. Кога ќе успеете во тоа, слободно можете да ги покажете и вашите карактерни особини.

Јарец – Овој знак ги сака игрите топло – ладно. Прво опсипете го со комплименти и внимание, а потоа игнорирајте го некое време. Тој нема да знае што следно може да очекува, а вам ќе ви се допадне неговото восхитено очекување.

Водолија – На Водолиите им е важно вашето размислување за глобалните нешта. Сака места и настани каде што има многу луѓе. Ако знаете каде ќе има многу луѓе, таму и ќе успеете да му се приближите на некој со овој хороскопски знак.

Риби  -Одморете малку од возбудливо тактизирање и пробајте едноставно да бидете нежни. Тоа е баш она што му треба на оној што го посакувате, а е во хороскоп Риби.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.