Секое утро во појадокот додајте чиа семе, вистински извор на протеини и 8 витамини

Чиа семето се мали црни, бели и темно кафеави семиња и тие се дел од растение чие потекло е од Мексико. Ова растение потекнува од семејството на питомо нане, кое е многу богат извор на хранливи материи и минерали.

Овие семиња содржат 20% протеини, 20% омега 3 масни киселини, 8 видови амино киселини, витамини А, Б, Ц, Е и Д, железо, калиум, калциум. Не содржат глутен и поради високата концентрација на влакна, го подобруваат варењето. Тие се многу моќен антиоксиданс. Одлични се за дијабетичари бидејќи позитивно влијаат на нивото на гликоза во крвта. Можете да ги набавите во која било продавница или пазар, и тие се многу прифатливи.

Можете да ги додадете во житарки и јогурт за појадок, или во некој десерт и смути, бидејќи прават гел маса која изгледа многу убаво, е полна со витамини и дава малку поцврста текстура.

Според научните анализи, 28 грама чиа семиња содржат 138 калории, 8 грама маснотии, 12 грама јаглехидрати, 10 грама влакна и 5 грама протеини. Затоа, една полна лажица дневно обезбедува, 30% манган, 27% фосфор, 18% калциум и малку помалку бакар, цинк и калиум.

Овие семиња имаат неутрален вкус, така што нема да влијаат на друга храна што ја јадете истовремено. Можете да ги додадете во тесто, житарици, салати или можете да ги додадете во речиси секоја храна што ја јадете.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.