Секое утро – чаша топла вода со сол

Неверојатни резултати

Ваквиот начин на делување на здравјето и убавината во Индија се применува од дамнешни времиња.Дури и’ научниците признаваат дека таквата пракса може да има позитивно влијание на вашето тело.


Едноставно е – во една чаша изворска вода (250 мл) ставете 2 малечки лажички органска хималајска сол, убаво измешајте да се истопи солта. Потоа секое утро по една лажичка од таа течност ставајте во филџан млака провриена вода и испијте на празен желудник. Смесата чувајте ја на суво и темно место. Може долго да стои.

Хималајската сол содржи 84. есенцијални минерали и елементи во трагови. Таа има низок степен на натриум и голем број електролити така што многу функционално го хидратизира телото. За споредба, белата кујнска сол го дехидрира организмот.

Ваквиот начин на чистење на телото од отрови во Индија го практикуват од дамнешни времиња. Освен што го ослободува телото од отрови и така го регенереира, солената вода го прави нормален шеќерот во крвта, го регулира метаболизмот, го јакне имунитетот, ги балансира хормоните, надоместува електролити, помогнува во топењето на маснотиите па така и во слабеењето.

Аерведата наведува дека хималјскат сол смирува, ги стабилизира емоциите и нервниот систем, му дава енергија на целото тело…Хималајската сол истопена во вода за создавање солена течност често се нарекува “енергенизирана вода“, открива порталот elephantjournal.com.

Уште некои предности на овој напиток:

Го поттикнува варењето
Доколку имате проблеми со варењето и често имате „затвор“, насолената вода ќе ве спаси. Пијте ја секое утро, а таа ќе го покрене производството на ензими одговорни за побрза работа на системот за варење и ќе ја нормализира работата.

Ублажува несоница
Минералите кои се наоѓаат во солта го смируваат нервниот систем. Така овозможуваат полесно заспивање и квалитетно спиење. Ако страдате од несоница, овој напиток тоа ќе го ублажи.

Делува антибактериски
Чаша топла солена вода од вашето тело ќе ги отфрли одвишните бактерии и токсини кои му штетат на организмот и резултираат со болести. Исто така, кожата ќе ви биде чиста и убава.

Поздрави коски
Овој напиток наводно им помогнува на луѓето заболени од остеопороза бидејќи алкалите на минералите во солта делуваат корисно на коските.

Коментари

коментари