Секое претерување со алкохолот значи плус еден килограм на тежината!

185

Речиси 60 отсто од луѓето се напиваат барем еднаш неделно, но една пијана ноќ влијае на линијата, покажало истражувањето на британска организација за слабеење спроведено на 2000 луѓе. По бурна ноќ во просек се добива поеден килограм , но за тоа не е виновен алкохолот туку празнењето на ладилникот при мамурлак.
Со мрсната храна , како што се чипсови, ќебапи и пица луѓето се обидуваат да ги ублажат ефектите од мамурлак и внесуваат и повеќе од 5000 калории. Дури и со здрава исхрана , една пијана ноќ во неделата, може да предизвика зголемување на телесната тежина и до 12 килограми годишно. На мажите им требаат четири лименки од половина литар пиво за да почнат да пијат и да јадат повеќе од вообичаено,а на жените им се доволни 2-3 чаши вино.
Во просек мажите во една бурна ноќ со алкохол внесуваат 1795 калории, 3126 калории со храната, а другиот ден за време на мамурлак 2025 калории. Мажите на тој начин внесуваат околу 6946 калории а 5725 калории жените. Тоа е речиси три пати повеќе од препорачаната дневна доза , или исто како да е изедено 38 кеси чипс или 20 крофни со мармалад.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.