Седум лица хоспитализирани на Инфективна заразени со истата болест од која починаа и двајцата гостиварчани

176

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќање… Тие заедно со четворицата кои без хоспитализирани со истите симптоми на Клиниката се со полесна клиничка слика и не се во животно загрозувачка состојба, изјави денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.

Во меѓувреме се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.

Чакаровски рече дека направени се испитувања во Македонија и се чекаат резултатите од странските центри.

–  Екипите вчера не успеаја да се качат до бачилото, бидејќи тоа е непристапен терен. Денес обезбедивме теренско возило. Нашите екипи се на терен, посочи Чакаровски.

Тој рече дека пуштени се мостри и во референтни центри и кога ќе ги соединат двата резултати ќе излезат во јавноста.

– Комисијата за заразни болести заседава постојано. Се надевам дека до крајот на денот, најдоцна до утре јавноста ќе добие конкретна информација за сите настани со дефинирани резултати за причинителите, додаде Чакаровски

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.