Се зголемува бројот на смртни случаи од меланом во Македонија

273

 

 

Во Македонија во 2015 година од меланом умреле 67 лица со стапка од 3.2 на 100 000 жители, од кои 40 се мажи, а 27 се жени. Стапката на умрени мажи изнесува 3.9 на 100 000 мажи, а стапката на умрени жени 2.6 на 100 000 жени.

Стапката на инциденца на меланом во последните неколку децении се зголемува повеќе кај популацијата со светла кожа.

Меланомот за разлика од другите канцери на кожа поретко се јавува. Но, меланомот е многу поопасен и е причина за најголем број (75%) смртни случаи предизвикани од рак на кожа. Во светот годишно се дијагностицираат околу 160000 нови случаи на меланом. Меланомот е почест кај жените отколку кај мажите, и е особено честа појава кај населението од белата раса кое живее во сончеви предели, со висока стапка на инциденца во Австралија, Нов Зеланд, Северна Америка и Северна Европа.

Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), околу 48.000 смртни случаи поврзани со меланом се случиле во светот на годишно ниво (2006).

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.