Се што треба да знаете за загадувањето

Полошо е од што мислите

Аерозагадувањето претставува концентрација на штетни материи над толерантната граница (максимално дозволените концентрации – МДК), но оваа концентрација зависи не само од интензитетот на изворите на загадување, туку и од локалните услови во поглед на воздушните струи, врнежи, конфигурација на теренот итн.

Аерозагадувањето на населението може да биде директно и индиректно. Аерозагадувањето директно ја оштетува слузокожата и го загрозува здравјето на луѓето, додека неговото индиректно дејство се огледува преку штетното влијание врз домашните животни, вегетацијата, материјалните и културните добра.

Во зависност од времетраењето на изложеноста, штетниот ефект на аерозагадувањето врз здравјето на луѓето може да се групира во две главни групи:

– акутни ефекти, кои бргу се развиваат кога концентрациите на атмосферското загадување значително се зголемуваат поради несоодветни метеоролошки услови или поради индустриски инциденти;

– хронични ефекти кои се развиваат како последица на секојдневната изложеност со ниски концентрации на атмосферско загадување.

Акутните ефекти бргу се манифестираат, додека хроничните ефекти стануваат видливи дури по долго време на континуирана изложеност на дејството на загадувачите, па затоа се потешко забележливи. Кај луѓето, аерозагадувањето најчесто предизвикува воспаление на дишните патишта – акутен бронхитис кој е проследен со тешко дишење и кашлање, што е особено опасно за децата и хроничните пациенти (срцето и белодробните болести, високиот крвен притисок и сл.), како и привремена дезориентираност.

Долготрајното загадување на воздухот може да доведе до појава на хроничен бронхитис, астма, емфизема, па дури и карцином на белите дробови.

Смогот или токсичната магла има најголем ефект врз здравјето на луѓето. Ова претставува мешавина на дим и магла. Тоа се комплексни гасовити загадувачи и аеросоли кои предизвикуваат силна иритација на слузницата. Прочистувачите на воздухот често предизвикуваат слични ефекти. Азотниот диоксид и јаглен моноксидот ја намалуваат способноста на хемоглобинот да пренесува озон, што дополнително ја влошува состојбата на срцето и другите хронични пациенти.

Во време на зголемено загадување на воздухот, потребно е да се ограничи движењето на децата, хроничните пациенти, како и здравите луѓе на отворен простор. Ако е невозможно да се избегне движење на отворено, пожелно е да се покријат ушите и носот, за да се намали барем делумно ублажувањето на штетниот ефект на замрзнатите честички и чадот, чија концентрација е висока при зголемената загаденост на воздухот. Потребно е да се консумираат што повеќе свежо овошје и зеленчук кои се богати со витамини, како и топли пијалаци (различни видови чај, какао, топло млеко, но и вода, лимонади и сл.).

За се избегне создавањето слуз во телото и да се одржат дишните патишта во оптимална состојба, најдобро е да се избегнува храна која ја зголемува киселоста во организмот и да се користи нане, куркума, глуварче и ѓумбир. Од овошја и зеленчуци препорачливо е да се земаат: дајкон, лук, зелјести растенија, краставици, ананас, цитрусни овошја, цвекло и др.

Многу е важно секоја недела да се искористи за престој на чист воздух, најмногу на планините и блиските излетнички места. Децата и хроничните пациенти особено се препорачува да заминат на планина или на море при зголемени концентрации на загадување на воздухот.

Во случај да се чувствуваат нарушувања на здравјето, хроничните пациенти мора да бидат под постојана контрола на докторите. Внимавајте на своето здравје и не форсирајте се по секоја цена да го постигнете она што сте го наумиле. Здравјето треба да е на прво место, па потоа сè друго.

Коментари

коментари