Се поместува ли возрасната граница за забременување!?

440

Жените во 40-тите години немаат потреба за грижа ако сакаат да родат дете. Имаат еднаква шанса да забременат како и помладите, покажало американско истражување. И покрај стравувањата дека кај жените после 35-тата се намалува плодноста, новите истражувања покажуваат дека и жените во четириесеттите имаат исти шанси да забременат во рок од шест месеци како и помладите. Четвртина од четириесетгодишните жени забремениле уште во првиот месец, петтина за три месеци а половината за 6 месеци, пренесува Daily Mail. Иако постои верување дека е најдобро да се роди дете во 25-тата година, британскиот портал за родители Netmums објави дека жените често стануваат мајки во триесеттите години. Истражувањето покажало дека мнозинството од бремените жени затрудниле уште во првиот месец од “обидувањето” и на тој начин го кршат митот дека е потребно околу 6 месеци за зачеток.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.