Се подготвува нов поефикасен лек против грип!

215

Тестирањата на новите видови на лекови против грип, кои би требало да бидат поефикасни од сите досегашни, засега покажуваат охрабрувачки резултати, соопштија американски научници.

Проблемот со кој се соочуваат фармацевтите во последните години е се поголемата отпорност на веќе постоечките лекови против грип, а по првите ветувачки резултати, научниците се надеваат дека наскоро ќе имаат поефикасен начин на лекување.

Нивната надеж се заснова на тоа што во досегашните истражувања успеале да го блокираат главниот ензим на површината на вирусот на грип и на тој начин го спречиле да се шири понатаму во останатите клетки. Тестирањето успешно е извршено врз лабораториски глувци на кои веќе постоечките лекови не делувале, бидејќи вирусот бил отпорен на нив.

Доколку се потврди ефикасноста на овој лек и во наредните испитувања, тоа би можело да го реши проблемот со отпорноста на вирусот, и да помогне во лекувањето на речиси пет милиони луѓе кои годишно заболуваат од грип, соопшти Светската здравствена организација.

Новата серија лекови се наречени со името DFSAs, а доколку на тестирањата се покаже дека се ефикасни и врз останатите животни, тогаш во комерцијална примена би можела да се најде за две до три години, прогнозираат научниците.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.