Санте Плус со реакција – Тенденциозна информација од ДСЗИ, недостатоците се административни

-Констатираните недостатоци се од административно – сметководствена природа и истите се отстранети уште во текот на денешниот дел. Имено, недостатоците се однесуваат на тоа што дел од вработените биле пријавени во АВРМ на определено а не на неопределено работно време. Оттука, самата одлука на ДСЗИ е беспредметна и не разбираме на кој начин горенаведените недостатоци имаат ефект на работата на нашата болница.

Меѓутоа, во ова прилика сакаме да ја истакнеме нашата загриженост од ваквите тенденциозни објави од страна на ДСЗИ. Имено, сметаме дека објавата за затворањето на нашата болница поради некакви констатирани недостатоци, притоа да се премолчи административната / сметководствена природа на такви недостатоци, е дадено со единствена цел да се наруши нашата репутација и да се создаде впечаток дека се констатирани некакви недостатоци од медицинска природа, што е апсолутно неточно. Напротив, во текот на досегашните инспекции од Комисијата формирана од Министерот за здравство, а поврзани со пациентката Дебора Ќерими Џамбази, е увидено дека целата интервенција е извршена согласно постоечките медицински протоколи од страна на персонал кои се врвни стручњаци во својата дејност. Сметаме дека ваквите тенденциозни и субјективни соопштенија за јавност единствено ќе ја нарушат репутацијата на Министерството за здравство во чиј состав работи ДСЗИ, пишува во писмената реакција на Моја Болница – Санте Плус.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.