Самопреглед на дојките треба да правите уште додека сте во пубертет

Кога се споменува женско здравје на сите првата асоцијација им е гинеколог и фамозното столче. Иако за многу жени гинеколошкиот преглед е непријатно искуство, тој е неопходен за здравјето на жената и треба да се врши редовно.

Но женското здравје се однесува и на здравјето на дојките при што самопрегледот е од исклучително значење бидејќи може да спаси живот, а неретко го занемаруваме, или воопшто не го ни правиме.

Колку често треба да се оди на преглед на дојки? Колку често треба да правиме самопреглед на дојките?

Самопреглед на дојките треба да правите уште додека сте во пубертет

Смислата на самопрегледот на дојки, освен за рана детекција на болести, е запознавање на девојките со своето тело и грижа за сопственото здравје. Секое туширање треба да заврши со самопреглед на дојките, но и со останатите делови на телото, бидејќи промените на телото најдобро ги откриваме самите ние. Самопрегледот на дојки треба да почне најдоцна во 20тата година и да го правите еднаш месечно на петтиот ден од менструацијата.

Првата мамографија треба да ја направите помеѓу 35 и 40 година

Препорачливо е првиот мамографски преглед да го направите меѓу 35 и 40 година, а жените постари од 40 години треба да прават мамографски преглед на секои 2-3 години. За помладите жени се препорачува ултразвучен преглед.

Кај жените кои имале малигни болести на дојка во семејството мамографскиот преглед почнува во 35 година како дополна на ултразвучниот преглед.

Доколку забележите промени кај вашите дојки, вдлабнатини, исцедок или болка која трае подолго од еден ден, треба да се јавите на лекар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.