Само една шака семки од тиква спречува дури 9 опасни болести

Семките од тиква се сметаат за лековити повеќе од 3.000 години

Семките од тиква се сметаат за лековити повеќе од 3.000 години, во најразлични култури низ целиот свет.

Овие чудесни семки нудат цела палета на здравствени придобивки, бидејќи изобилуваат со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

За простатитис:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г излупени сурови семки од тиква
1 чаша мед

ПОСТАПКА:

Семките добро сомелете ги.

Додадете една чаша мед, па убаво измешајте додека да добиете изедначена смеса.

Од добиената мешавина направете топчиња со дијаметар од 1-1,5 см.

УПОТРЕБА:

Консумирајте по едно топче секое утро пред појадок се додека да ги изедете сите. Третманот се спроведува еднаш годишно.

1. Превенција и борба против рак

Најновите истражувања покажаа дека соединенијата наречени кукурбитацини можат да помогнат во превенција и борба против рак, а семките од тиква изобилуваат со овие соединенија. Не само што тие имаат способност за уништување на одредени видови канцерогени клетки, туку имаат и антивоспалителни карактеристики.

2. Го подобруваат здравјето на простатата

Маслото од семки од тиква се користи за третирање на состојбата при зголемена простата. Покрај маслото и фитохемикалиите кои ги има во овие семки, истото може да биде корисно за третман на оваа состојба.

3. Го намалуваат штетниот холестерол

Покрај тоа што семките од тиква го зголемуваат нивото на ХДЛ (корисниот) холестерол, содржат и фитостероли, состојки кои го намалуваат ЛДЛ (штетниот) холестерол и до 13%.

4. Го намалуваат ризикот од дијабетес

Семките од тиква им се препорачуваат на дијабетичарите. Имаат висока содржина на железо и незаситени масти кои се корисни за срцето. Не само што состојките во овие семки успешно го регулираат нивото на инсулин во крвта, туку помагаат и во намалување на ризикот од дијабетес.

5. Поттикнуваат слабеење

Семките од тиква содржат голема количина растителни влакна и протеини – две важни состојки за намалување на телесната тежина. Во само 30 грама семки од тиква има 5 грама протеини, кои ќе ве заситат на подолг период. Но, не претерувајте со овие семки, ако целта ви е слабеење – само една шолја семки од тиква има речиси 300 калории. Јадете ги паметно.

6. Превенција на остеопороза

Луѓето кај кои е забележан недостиг од цинк, треба да размислат за грицкање семки од тиква. Тие изобилуваат со цинк, минерал кој недостига кај луѓето со фрактури на коските. Во само една четвртина шолја семки од тиква има 17% од дневните потреби од цинк.

7.Ги ублажуваат симптомите од менопауза

Ако барате природен начин за ублажување на симптомите од менопауза, семките од тиква се одличниот избор. Тие може да ги регулираат врелите бранови, главоболката, да ја намалат болката во зглобовите и да ја намалата честата промена на расположението.

8.Го подобруваат расположението

Одлични се за физичкото, но и психичкото здравје. Научниците утврдиле дека семките од тиква покажуваат одлични резултати во намалувањето на симптомите од депресија. Одлични се за намалување на стресот и анксиозноста.

9.Го олеснуваат артритисот

Научниците утврдиле дека семките од тиква имаат антивоспалително дејство кое ги ублажува симптомите од артритис. Секој ден јадете околу 30 г семки од тиква доколку боледувате од артритис.

Коментари

коментари