Само еден кандидат имал завршено историја, економија или право критериуми на огласот за Државен советник во министерството за здравство!

Само еден кандидат имал завршено историја, право или економија – факултети кои беа критериум на огласот за државен советник во министерството за здравство. Биле поднесени 6 апликации, но останатите 5 не ги исполнувале условите и излегуваат од игра. Ова отвора сомнеж дека огласот од претходно е наместен.
Кој е кандидатот кој ги исполнува сите критериуми јавноста ќе дознае најдоцна за 2 месеци бидејќи претходно мора да го положи испитот за административен службеник и други тестирања.
Останува нејасно зошто на огласот се изоставени медицинскиот или фармацевтскиот факултет, а се бара историја, и зошто е распишан во период кога министерството беше без министер.
– Со доаѓањето на Венко Филипче на чело на министерството сега на сите три најважни позиции во здравството се кадри поставени од Социјалдемократскиот сојуз министер, заменик министер и државен секретар што значи дека целата одговорност во секторот е на СДСМ.
Инаку, претходно на некоја од трите најголеми функции беа поставувани луѓе од партиите кои се коалициони партнери во владејачкото мнозинство.
Од Владата за Сител изјавија дека засега не се планирани промени на раководните позиции во секторот здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.