Руски доктор советува што треба да исфрлите од исхраната пред вакцинација

36

Неопходно е да воведете одредени измени во исхраната во пресрет на вакцинацијата против корона вирус, а пред се потребно е да го исфрлите шеќерот за да се намали ризикот од несакани ефекти од имунизацијата, предупредува рускиот гастроентеролог Никита Харлов.

-Вакцинацијата потешко се поднесува со високо ниво на шеќер во крвта, наведува тој.

Истото се однесува на сите прозиводи кои содржат голема количина на јахлехидрати, и тоа компир, леб, колачи…

Докторот советува пред процесот на вакцинација за два пати да се намали и внесот на овошје во организмот. Дозволени се цитрусни овошја, додека пак докторот не дава „зелено светло“ за бананите, дињата и грозјето.

Освен намирниците богати со шеќер Харлов предупредува да не се конзумираат намирници кои се познати алергени.

-Не смее да се јаде нова храна, туку само онаа на која сме навикнале, па дури не е пожелно да се менува брендот на млекото или колбасите кои се конзумираат, вели докторот кој вели дека најдобро е да не се експериментира во однос на исхраната во пресрет на вакцината, а меѓу двете дози да се јаде умерено.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.