Рогач – совршена здрава замен за чоколадо

Рогачот е билка малку познато на младите но повозрасните одлично го познаваат.

Дрвото рогач или Ceratonia Siliqua, има плод што е налик на темно кафеав грашок, кој има пулпа и семиња. Рогач е слатка и здрава замена за чоколадо. Неговата корисност во здравствените придобивки се навраќа 4.000 години на античка Грција.

Според “Енциклопедија на храната која лечи” британските хемичари продавале рогач на пејачи. Џвакањето на рогач им помага на пејачите на одржување здрави гласни жици, да го смири и исчисти грлото.

Рогачот е достапен да се купи во: прав, сируп, екстракт и пилули.

Можете да го јадете рогачот и свеж или сушен исто така. Луѓето кои го додаваат рогачот во својата исхрана немале проблеми со пробреми со желудникот и полесно губеле тежина.

Можете да го користите во вашите омилени десерти, милкшејк, колачи или торти. Тоа е најчестата употреба на рогачот дека е сличен на чоколадото и е одлична алтернатива бидејќи:

Рогачот е полн со растителни влакна

Антиоксиданс е

Има мали колични на масти и шеќери

Без кофеин е и

Безглутенски

Бидејќи рогачот е природно сладок, може да ви биде замена за шеќер. Но ако не ги задоволува вашите потреби на благо тогаш обидете се со додаток на стевиа.

Ако сте нетолерантни на лактоза или веган, можете слободно да го користите рогачот. Има многу интересни рецепти кои го сочинуваат и ќе се изненадите од неговиот пријатен вкус.

Поради нивниот сличен вкус, рогачот и чоколадото се често споредувани. Сепак, рогачот е поздрав од чоколадото еве зошто:

Рогачот има два пати поголема количина на калциум од какаото

Нема сооединение кое предизвикува мигрена

Без кофеин и маснотии е

Рогачот исто така е полн извор на витамини и минерали како што се: Витамин А, Б2, Б3 и Б6

Минерали бакар, калциум, манган, калиум, магнезиум, цинк и селен.

Рогачот исто така е богат со растителни влакна, пектин и протеини.

Додавање на рогач во вашата исхрана може да ви обезбеди многу здравствени придобивки. Рогачот е природно богат со растителни влакна и нема кофеин, тој е идеален за луѓе со висок крвен притисок. Низок процент на шеќери и масти го прави одличен додаток во прилог или замена за чоколадо за луѓе кои сакаат да губат телесната тежина. Високите нивоа на витамини, како што се витамините А и Б-2, се добри за вашата кожа и здравјето на очите.

Додавањето на рогач во вашата исхрана може да помогне за:

Намалување на холестерол

Намалување на ризикот од срцеви заболувања

Олеснување на проблеми со желудникот

Третира дијареа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.