„Родителите да не им даваат на децата дневно да пијат пола литар „ПРАЈМ“, кој го рекламираат светски јутјубери“, вели ИЈЗ

Пијалоците на компанијата „Прајм Хидратејшн“, кои се доста популарни меѓу децата, содржат витамини, минерали и засладувачи, и ако пијат 500 милилитри дневно од овој производ, децата на возраст до 14 години ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Тие додаваат дека PRIME HYDRATION DRINK е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија.

„Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата. Ако децата, на возраст од 1до14 години, консумираат 500ml дневно од овој производ, ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти. За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е. Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи.

Консумацијата на PRIME HYDRATION DRINK кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно. Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови.

Напомена за возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно“, порачуваат од ИЈЗ.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.