Родилка почина во Клиничката болница во Тетово, бебето во тешка состојба префрлено на Детската клиника

Родилка почина синоќа околу полноќ во Клиничката болница во Тетово, бебето во тешка состојба итно е префрлено на Детската Клиника во Скопје. Од Клиниката информираат дека новороденчето е сместено на одделот за интензивна нега и е приклучено на апарати. Неговата состојба е неизвесна.
Според информации на samozdravje.mk од тетовската болница ,30-годишната жена кај нив била донесена со многу висок притисок, а лекарите констатирале дека породувањето веќе почнало. Таа била во 40-тата недела од бременоста. Набргу по приемот родилката паднала во кома, а во меѓувреме дежурниот гинеколог успеал да го извади бебето. Биле повикани и други специјалисти, но не успеале да ја реанимираат. Ова и била втора бременост.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.