Родилка од скопско Коњаре не стигнала до гинекологија – Екипа од Брза помош ја породиле дома

1,684

Родилка од скопско Коњаре утринава немала време да стигне до Клиниката за Гинекологија. Третото дете го родила дома. Екипата на Брза помош која била повикана од сопругот стигнала на време. Ја пресекле папочната врвца и бебето и мајката кои биле во добра здравствена состојба ги префрлиле на скопските клиники.

-Стигнавме на време, однесени се на клиника и се добри. Вакви случаи обично имаме во зима но не и во летните месеци, вели д-р Марија Анастасова од Брза Помош

Покрај оваа несекојдневна интервенција, Брза Помош како и изминатите денови имаат поголем број на јавувања од хронично болни на кои им пречат високите температури и променливото време. Главоболки и варирање на крвниот притисок се најчестите тегоби кои ги пријавуваат на 194.

-Имаме и лица кои веќе преживеале мозочен удар и сега овие температури им пречат. Да не излегуваат без потреба и да пијат многу вода на ова време, вели Анастасова.

Препораките за заштита од високите температури не важат само за хронично болните туку според лекарите, нив треба да ги почитуваат сите граѓани.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.