Рибиното масло ја спречува аритмијата

119

Возрасните лица со најголеми вредности на омега – 3 масни киселини во крвта имале 30 отсто помали изгледи за развивање на нарушување на срцевиот ритам (аритмија) за разлика од нивните врсници кои имале најниски вредности, покажало американското истражување.

Некои поранешни студии утврдиле дека луѓето кои консумираат многу риба, која е најчест извор на омега – 3 масни киселини, имаат понизок ризик за развој на атријална фибрилација.

Во најново истражување биле мерени вредностите на омега – 3 масните киселини во крвта кај 3.300 лица постари од 60 години. Во текот на 14 годишното истражување, научниците го следеле нивното здравје и кај 789 откриле атријална фибрилација. Со анализа на податоците е утврдено дека групата со најголема концентрација на омега – 3 масни киселини во крвта имала најмали изгледи за појава на артимија во однос на оние со најниски врености на овие киселини.

Абнормалностите на срцевиот ритам можат да доведат до мозочен удар или до застој на срцето. Не постои голем избор на лекови за овие состојби, а главно се насочени во превенирање на мозочните удари со лекови против згрутчување на крвта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.