Ретки и многу специфични ментални нараушувања
Според лекарите, едно од четири лица има ментално или невролошко нарушување. Некои од овие состојби се лесни за идентификување и дијагностицирање, а постојат и оние ретките и многу специфични.
Некои од нив може да се дијагностицираат дури по неколку години од појавувањето, поради невообичаените симптоми. Следниве осум нарушувања се пример за тоа:
Синдром Алиса во земјата на чудата
Ова нарушување влијае врз перцепцијата и оние кои страдаат својата околина ја гледаат доста искривено, како што Алиса во еден момент беше поголема од куќа, а во друг помала од чаша. Лицата некогаш страдаат и од дезориентираност. Оваа состојба, за среќа, е многу ретка и минлива.
Нарушување на измислени болести
Секој од нас имал хипохондричен момент, но овие луѓе се болно опседнати со некоја дијагноза, постојано читаат и размислуваат за тоа, што во даден момент забележуваат симптоми на истата кај себе и постојано бараат лекарска помош. Често знаат одлично да се изразат со медицински термини, бидејќи постојано истражуваат за својата измислена состојба. Во најголем дел од случаите лекарските анализи не покажуваат присуство на никакво нарушување, освен ментално.
Синдром на вонземска рака
Синдромот на доктор Стрејнџлав се манифестира со губење на контролата врз една рака или една нога, тоа се случува во неочекуван момент, нема лек, а постојат и екстремни случаи во кои пациентот со неконтролираната рака успева да си нанесе повреди себе, на друг или да направи нешта за кои вообичаено смета дека не е способен.
Дисоцијативно нарушување на идентитетот
Ова се нарекува уште и повеќекратно нарушување на личноста, а често се опишува и во популарната култура. Свесноста за среќа, е на високо ниво, но медицината уште нема начин како да се справи со оваа појава. Лицата кои страдаат често прикажуваат два до три различни идентитети, но некогаш и повеќе. Заболените често мораат да бидат згрижени во соодветна институција.
Стендалов синдром
Во прашање е привремена состојба која се случува откако лицето сведочело на многубројни убавини, уметност, убави локации и низа пријатни места и настани, по што по враќањето во реалноста се појавуваат дезориентираност, анксиозност, халуцинации, опседнатост со она што го виделе…
Котаров синдром
Ова е можеби најморничавото нарушување на оваа листа. Лицето кое страда од Котаров синдром мисли дека е мртво и дека сега е дух, зомби или реинкарнација. Последица е на повреди на специфични делови од мозокот. Заболените, мислејќи дека веќе се мртви, престануваат со јадење и пиење.
Визуелна агнозија
Се работи за ретка состојба во која лицето дава погрешни значења на она што го гледа. На пример, ако гледа маса, може да се увери себе дека се работи за друг предмет, кој физички нема никаква сличност со масата. Најчесто е последица на оштетувањата на мозокот кои доаѓаат заедно со деменцијата, со страшни труења, долго лечење со хемотерапија и цитостатици.
Вендиго психоза
Заболените веруваат дека се опседнати од чудовиште кое се храни со човечко месо. Вендиго е чудовиште од индијанската митологија, кое поседува и човечки карактеристики, а кое откако ќе опседне лице, го тера да убива и да ужива во тоа. Изненадното насилничко однесување и желбата да повредува се најчестите симптоми.